Некои медиуми пренесуваат дека двојката Ким Јонг-Ун и Ри Сол Ји се венчале уште во 2009 година, а во 2010 добиле и дете.
Севернокорејските медиуми освен веста дека нивниот водач се ожени немаат дадено никакви дополнителни информации, така да се останува на база на шпекулации.
Во последните денови приметливо е се позачестеното појавување во јавност на Ри Сол Ји, сопругата на Ким Јонг-Ун, а често беа заедно на фотографиите.
Портпаролот на Стејт Департментот, Викторија Нуланд рече дека Американската влада на „сите младенци им посакува се најдобро“, но останува нејасно кога се случила венчавката.
„Мислам дека не бевме повикана на таа венчавка“, додаде Нуланд.