„Со неговото неодоливо убаво, тркалезно лице, неговиот младешки шарм и неговата силна и цврста градба, овој срцекршач од Пјонгјанг е сон на секоја девојка“, со овие зборови весникот на кинеската комунистичка партија го опишува Ким Јонг Ун, водачот на Северна Кореја.
Всушност весникот ја презел информацијата од американскиот сатиричен весник Onion и со бројни фотографии од лидерот на комунистичката држава објавил дека Ким Јонг Ун е најсекси маж на планетата.