Ким Јонг Ун е болен

Од:

Севернокорејскиот комунистички челник Ким Јонг Ун е болен, потврдија тамошните државни медиуми, ден откако беше забележано дека младиот лидер не се појави на важна седница на парламентот, пренесе Макфакс.

Ова е првпат севернокорејската комунистичка власт да објавува дека Ким Јонг Ун, најмладиот водач од династијата што ја воспостави неговиот дедо, не се чувствува добро.

Кинеската државна агенција Синхуа, Пекинг инаку се смета за единствениот сојузник кој има влијание врз режимот во Пјонгјанг, повикувајќи се на севернокорејските медиуми пишува дека Ким и покрај болеста „со ентузијазам“ ја води земјата.

Ким Јонг Ун, за кого не се знае прецизно дали има 30 или 31 година, не се појавил на државната телевизија уште од 3 септември, кога во главниот град Пјонгјанг присуствуваше на концерт придружуван од својата сопруга Ро Сол Ју, забележуваат во извештаите западните медиуми.

Се додава дека било очигледно дека тој поткривнува со едната нога при одбележувањето на 20-годишнината од смртта на неговиот дедо Ким Ил Сонг, основачот на комунистичка Северна Кореја.

Медиумите му дадоа публицитет на изостанувањето на Ким Јонг Ун на отворањето на заседанието на севернокорејскиот парламент претходно седмицава. Парламентот инаку се состанува еднаш или двапати годишно, кога се носат многу важни одлуки за курсот на единствената партија во земјата.

Откако го наследи татко си Ким Јонг Ил по неговата смрт во декември 2011 година, Ким Јонг Ун беше сеприсутен во државните медиуми.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња