Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун сменил речиси половина од високите раководители во земјата, со цел да ја зајакне својата контрола врз државниот апарат, се наведува во официјален јужнокорејски извештај.
„Реорганизацијата“ опфатила 97 од 218 високи кадри во вооружените сили, во владејачката Работничка партија и во Владата, се посочува во документот на јужнокорејското Министерство за национално обединување.
Во документот се наведува дека Ким Јонг-ун ги сменил поранешните раководители именувани во времето на управувањето на неговиот татко, со помлади и поверни луѓе.
Јужнокорејското разузнавање во друг извештај претставен во Парламентот, посочува дека Ким Џонг-ун ја зајакнал кампањата за создавање „култ на личноста“.