Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун наводно наредил убиство на еден од своите високи воени функционери, поради тоа што ги сменил зборовите на химната, додека ја пеел на караоке, пренесуваат агенциите.
Ким наводно се вознемирил кога дознал дека генералот наместо да пее „благодарение на нашата партија“ и „ги мрази своите непријатели, ја сака својата држава“, тој пеел „благодарение на вашата партија“ и „ја мрази својата сопруга, ја сака својата љубовница“.
Според Ким Џонг Ун тој чин е знак за бунтовнички дух, поради што идниот ден наредил да го убијат.
Во Јужна Кореја претпоставуваат дека човекот случајно го погрешил првиот стих, а потоа со вториот се обидел да се пошегува. Инаку неодамна во јавност се прошири вест дека севернокорејскиот лидер наредил егзекуција на десет членови на Работничката партија, поради тоа што гледале јужнокорејски телевизиски сапуници.
Е. Г.