Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатата недела ја изненади популацијата со својата изјава како граѓаните на Северна Кореја „никогаш не живееле во изобилство“, додавајќи дека не може мирно да спие кога ќе помисли на нивното страдање.
Тој ова го изјави на промоција на студијата за промовирање на сточарството.
-Најважната задача пред нас е брз раст на животниот стандард на граѓаните на Северна Кореја-изјави Ким, кој смета дека вложувањето во сточарството и рибарството може да им помогне во решавање на недостигот на храна.
Е. Г.