Ким Џонг-ун неодамна прогласи победа над короната, сега се сомнева дека имаат нови инфекции

Од:

Северна Кореја објави дека открила четири сомнителни случаи на коронавирус во пограничната област со Кина, две недели откако лидерот Ким Џонг-ун прогласи победа над Ковид-19. Четири случаи беа откриени на 23 август во провинцијата Рајанганг, долж границата со Кина, објави официјалната новинска агенција KCNA, повикувајќи се на податоци од здравствените работници.

Јавните власти „преземаат мерки за да утврдат од каде потекнува новото избивање на епидемијата“, додаде КЦНА. Северна Кореја зборува за „заболени од треска“, без да споменува ковид, очигледно поради недостаток на опрема за тестирање, оценува France Press. Таа земја, која веднаш ги затвори своите граници на почетокот на пандемијата, потврди епидемија на варијантата омикрон во Пјонгјанг во мај.

На 11 август, Ким прогласи „очигледна победа“ во борбата против Ковид-19 откако и самиот беше болен. На состанокот со здравствените работници и научниците, Ким Џонг-ун го изразил своето задоволство поради „победата во борбата против злобната пандемска болест“, објави тогаш државната агенција КЦНА.

Северна Кореја го пријави првиот случај на коронавирус на 12 мај, а Ким Џонг-ун лично го надгледуваше сузбивањето на епидемијата. Пјонгјанг нема пријавено нови случаи од 29 јули. Заклучно со крајот на април, Северна Кореја имаше речиси 4,8 милиони „случаи со треска“ и само 74 смртни случаи, што е официјална стапка на смртност од 0,002 отсто, според КЦНА.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна Кореја: Медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките позиции“

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници