Северна Кореја: Медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките позиции“

Од:

Севернокорејските државни медиуми денеска ја означија ќерката тинејџерка на лидерот на земјата Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките државни функции“, најавувајќи дека таа еден ден би можела да го наследи нејзиниот татко.

„Одличен советник“, вака севернокорејските државни медиуми ја опишаа ќерката на Ким Џонг-ун, пренесува париски Фигаро.

Во извештајот, заедно со фотографиите на Ким Џонг-ун и неговата ќерка, се наведува дека севернокорејскиот лидер и неговата ќерка, придружувани од партиски, владини и воени лица, посетиле фарма.

Досега официјален Пјонгјанг никогаш не ја опиша ќерката на севернокорејскиот лидер како таква, а државните медиуми никогаш не ја идентификуваа по име.

Сепак, јужнокорејската разузнавачка агенција верува дека тоа е Јо Ае, второто дете на Ким Џонг-ун.

Би можело да ве интересира

Севернокорејската армија се подготвува за војна

Северна Кореја лансираше балистичка ракета со среден дострел, прва оваа година

(ВИДЕО) Ким Џонг Ун плачејќи ги повика жените да раѓаат повеќе деца за доброто на партијата

Белата куќа презентираше докази, Северна Кореја и испраќа оружје на Русија

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-ун патува за Русија со специјален воз

САД се загрижени за воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја