Севернокорејската армија се подготвува за војна

Од:

За време на инспекција на голема воена база на западот на земјата, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди воведување на највисоко ниво на борбена готовност на севернокорејските војници и побара од армијата да биде подготвена за војна, пренесува државната новинска агенција. КЦНА.

Обиколката на воената база, чија локација не е соопштена, се одржа веднаш по почетокот на редовните годишни комбинирани воени вежби на силите на САД и Јужна Кореја. Во овогодинешните заеднички американско-јужнокорејски воени маневри, кои започнаа во понеделникот на југот на Јужна Кореја, беа ангажирани двојно повеќе сили во споредба со минатогодишните вежби.

Ким рече дека севернокорејската армија мора „динамично да спроведе нови, засилени воени подготовки во согласност со барањата на сегашната ситуација“, пренесе КЦНА.

„Нашата војска треба постојано да ги интензивира вежбите за симулирање војна и брзо да ги подобрува своите борбени способности до совршена подготвеност за вистинска војна“, рече Ким, според Ројтерс.

Севернокорејскиот лидер не ги спомна вежбите на американската и јужнокорејската армија, но ги надгледуваше своите војници кои изведуваа маневри во услови на симулација на вистинска воена ситуација, пренесе севернокорејската новинска агенција.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките позиции“

Северна Кореја лансираше балистичка ракета со среден дострел, прва оваа година

Белата куќа презентираше докази, Северна Кореја и испраќа оружје на Русија

Предраг Петровиќ

САД се загрижени за воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Северна Кореја лансираше три нови балистички ракети

Горан Наумовски