Северна Кореја лансираше балистичка ракета со среден дострел, прва оваа година

Од:

Северна Кореја лансираше денеска балистичка ракета со среден дострел од нејзиниот источен брег, пренесоа агенциите, истакнувајќи дека тоа е прво севернокорејско лансирање ракета оваа година.

Во соопштението на Здружениот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја (ЈКС), се наведува дека севернокорејска ракета била лансирана од областа околу Пјонгјанг околу 14:55 часот по локално време и дека проектилот прелетал околу 1.000 километри пред паѓајќи во Источното Море, наведува агенцијата Јонхап.

ЈКС остро го осуди лансирањето, нарекувајќи го „јасно провокативен чин“ и истакна дека Јужна Кореја споделила информации за севернокорејската ракета со американските и јапонските власти.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките позиции“

Севернокорејската армија се подготвува за војна

Белата куќа презентираше докази, Северна Кореја и испраќа оружје на Русија

Предраг Петровиќ

САД се загрижени за воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Северна Кореја лансираше три нови балистички ракети

Горан Наумовски