Ким Џонг Ун ќе присуствува на воената парада во Москва?

Од:

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун ќе биде гост на рускиот претседател Владимир Путин, на воената парада во Москва, во мај по повод 70 години од победата над фашизмот, пренесе американскиот неделник „Њузвик“, повкувајќи се на тврдења на неименуван јужнокорејски дипломат, изречени за дневниот весник „Кореја хералд“ од Сеул.

Доколку се испостави дека веста е точна, тоа ќе биде прва посета на Ким во странство од преземање на власта во 2011 година.

-Потврдено е дека Северна Кореја даде позитивен одговор на руската покана до Ким Џонг Ун, навел дипломатот.

Инаку познатиот неделник го нагласува фактот дека севернокорејскиот претседател се уште не ја посетил Кина, неговиот најголем сојузник и покрај поканите, но дека сега се подготвува да ја посети Москва.

Според поранешниот британски пратеник во Европскиот парламент, Глин Форд, посетата на Ким би можела да претставува историска промена на сојузништвото на Северна Кореја.

Инаку поканата на Путин за воената парада веќе ја одбил американскиот претседател Барак Обама, како и лидерите на Литванија и Естонија .

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња