Ким Џонг Ун дава поддршка за независност на Шкотска

Од:

Само една недела пред одржување на референдумот во Шкотска, лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун изјави дека ја поддржува шкотската влада предводена од Алекс Салмонд, да стане независна држава, пишува „Дејли меил“.

Чоу Кван Ил, уредникот на севернокорејскиот весник „Choson Sinbo“, за британски „Телеграф“ изјави дека смета дека независноста би била позитивна за Шкотска.

-Мислам дека секој човек има право да биде дел од независна нација, да има суверенитет, живее во мир и биде еднаков. Верувам дека поголем број Шкотланѓани мислат исто и дека ќе изгласаат независност-рече Кван Ил и додаде дека од независноста очекува дека ќе ја поттикнува размената и ќе овозможи бизнис за двете држави.

-Северна Кореја е богата со природни извори, а ние го сакаме вкусот на шкотското виски, така што двете држави може да имаат корист- заклучи тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он