Ким Џонг-Ун „Личност на годината“ според Тајм?

Од:

Повеќето од читателите на американското списание „Тајм“ во гласањето преку интернет го избрале севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за „Личност на годината“. Изборот на „Тајм“ ќе биде објавен на 19 декември.

Списанието наведува дека редакцијата ја избира личноста на годината, но тоа не значи дека читателите немаат збор. Тие биле повикани да гласаат за човекот, кој според нив најмногу бил споменуван во вестите во изминатата година, било за добро или за лошо. Гласањето завршило на полноќ на 12 декември, а резултатите од изборот на читателите се објавени на сајтот на „Тајм“.

За Ким Џонг-ун гласале 5 635.941 читатели. Севернокорејскиот лидер има голема предност пред вториот на листата – американскиот политички сатиричар и популарен телевизиски водител Џон Стјуарт со 2 366.324 гласа. Трети се имигрантите без документи.

На листата се наоѓаат и личности како претседателите на Египет и на Сирија – Мохамед Морси и Башар ал Асад, Хилари Клинтон, Бил Клинтон, Барак Обама, панк групата „Пуси рајот“.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња