Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун им нареди на војниците да го зголемат производството на артилериско оружје и миниција.
Во прилогот на државната Корејска централна телевизија, Ким им кажал на работниците во воените фабрики дека нивните непријатели се подготвуваат за војна, нагласувајќи ја потребата од повеќе „доверлива“ артилерија.
– Кога ќе започне војната, ние треба да ги уништиме клучните воени објекти и владини институции на противникот со брз и изненадувачки напад. Ние треба целосно да го гарантираме валитетот на нашите артилериски оружја и муниција, со цел да им нанесеме ненадеен удар на нашите непријатели, истакнал севернокорејскиот лидер.
Пјонгјанг вчера ги предупреди странските дипломатски претставништва дека нема да може да ја гарантира нивната безбедност во случај на конфликт, барајќи од нив да размислат за евакуирање на нивниот персонал.