Киев: За едно деноноќие во источна Украина убиени петнаeсет украински воjници

Од:

Во последното деноноќие во сепаратистичкиот исток на Украина се убиени петнаесет украински војници, а уште 30 се ранети .

Од почетокот на конфликтот, што трае веќе девет месеци, украинската армијата досега ретко имала толку многу жртви за 24 часа, наведуваат француските медиуми.

-Петнаесет војници се убиени во последното деноноќие и 30 се ранети по целата должина на линијата на фронтот, изјави на прес конференција министерот за одбрана Степан Полторак.

Тој призна дека „бунтовничките одреди делумно го контролираат стратегискиот град Дебалцеве (руско Дебалцево), место кое во последните денови е арена на жестоки броби, а се наоѓа меѓу сепаратистичките престолнини Доњецк и Луганск.

Според Едуард Басурин од воената команда на сепаратистите, единици на сепаратистите ги опколиле околу 8.000 украински војници во Дебалцеве.

Повеќе украински медиуми битката крај Дебалцево ја споредуваат со трагедијата во Иловајск, каде бунтовниците во август опколијаукраински единици и притоа беа убиени над 100 војници.

Министерот за одбрана денеска се огласи на прес конференција во пресрет на денешниот нов круг преговори во Минск меѓу Киев и сепаратистите со учество на претставници од Русија и ОБСЕ, за да се склучи ново примирје, додаваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје