Киднапирани новинари бараат помош од претседателот на Еквадор

Од:

Киднапираните новинари на границата помеѓу Еквадор и Колумбија денеска преку видео снимка бараат помош еквадорскиот претседател Ленин Морено.

На снимката што трае 22 секундии, тројца мажи врзани со синџири заедно околу вратот, бараат од Морено да ослободи тројца неидентификувани соборци и да ја прекине соработката во борбата против нарко дилерите со Колумбија во замена за нивната слобода.

– Претседателе Морено, нашите животи се во ваши раце, изјави еден од новинарите.

Двајца новинари од еквадорскиот весник „Ел Комерсио“ и нивниот возач киднапирани се пред девет дена во близина на границата со Колумбија.

Киднапираните новинари сугерираат дека се наоѓаат во Колумбија, иако колумбиските власти негираат. За нивното киднапирање еквадорските власти ги обвинија Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои не го предадоа оружјето како дел од мировниот договор во 2016 година. Новинарите не го открија идентитетот на киднапираните.

Еквадор е главна транзитна зона за кокаинот произведен во Колумбија, од каде со мали чамци се превезува од брегот на Пацификот до Јужна и Средна Америка и во САД.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он