Кибер нападот опфатил околу 20 проценти од 248-те британски јавни здравствени установи

Од:

Кибер нападот, кој беше извршен врз компјутерски системи во околу сто држави во светот засегнал 20 отсто од 248-те јавни здравствени установи во Велика Британија, но во моментов сите, освен шест работат нормално, изјави британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад.

Со најмалку 74 илјади хакерски напади со софтвер, кој го блокира компјутерот и не дозволува негово користење се додека на хакерите не им се исплати откуп (rensomver) опфатени беа околу сто држави во светот, а користен е вирусот, кој експертите го викаат „WCry“ или „WannaCry“.

Рад по денешната вонредна седница на Владата посочи дека со вчерашниот кибер напад се засегнати 48 од вкупно 248 јавни здравствени установи, од кои повеќето ја нормализирале својата работа.

Таа не прецизира во каква состојба се системите на останатите шест установи, ниту кажа каде тие се наоѓаат.

Голем број британски болници беа погодени од компјутерскиот вирус вчера, а некои од нив беа принудени да ги откажат или одложат лекувањата на своите паценти, дури и на оние со тешки заболувањеа како рак.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски