Керн: Британците многу ја преценуваат својата позиција

Од:

Австрискиот канцелар кристијан Керн оцени дека Велика Британија многу ја преценува својата позиција.

– Тоа што Тереза меј планира со полна пареа да влезе во процесот на Брегзит дава повод за размислување. Мислам дека Британците многу ја преценуваат својата положба, изјави Керн во интервју за виенскиот весник „Естерајх“.

Тој вели дека ако Британците веруваат дека на крајот ќе имаат повеќе слобода или суверенитет, тоа ќе се покаже како погрешна проценка.

– Во реалноста, тие многу ќе изгубат од влијанието, нагласува Керн.

Австрискиот канцелар очекува од Европа цврста позиција во преговорите со Лондон.

– Европа мора јасно да стави до знаење дека кога некој е член, тој ужива значајни предности, а кога не е – тие предности ги нема. Тоа мора да им биде јасно на Британците, истакна Керн.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче