Северна Кореја ќе си дозволи голема грешка, доколку истрела некоја од ракетите со среден дострел во период на зајакнати несогласувања меѓу неа и САД и Јужна Кореја, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери, кој е во посета на Сеул.
– Ким Џонг-ун треба да сфати дека сум свесен каков може да биде исходот од конфликтот, рече Кери и изрази надеж дека ќе биде обновен дијалогот со Пјонгјанг.
Кери и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јон Бон-се нагласија по средбата дека Северна Кореја нема да добие ништо добро, доколку се заканува, врши тестирања на своите ракети или нуклеарни проби.
Кери истакна дека САД и нивните азиски сојузници нема да дозволат Северна Кореја да стане нукеларна сила.