Кери: САД се подготвени за чесни разговори со Северна Кореја

Од:

САД се подготвени за преговори со Северна Кореја, изјави во Токио американскиот државен секретар Џон Кери.

– САД се подготвени да водат чесни и надежни преговори, но топката е во полето на Пјонгјанг, изјави Кери во говор во Технолошкиот институт во Токио.

Неговата посета на Јапонија завршува денеска.Претходно ги посети Кина и Јужна Кореја.

– Во изминатите неколку дена имав разговори со лидерите од Јужна Кореја и Кина како и со вашиот министер за надворешни работи, а денеска ќе разговарам и со претседателот Шинзо Абе.

Едно е сигурно – единствени сме. За тоа прашање нема сомненија. Опасната програма на Северна Кореја за создавање нуклеарно оружје и закана не само за нејзините соседи, туку и за нашиот народ, нагласи државниот секретар на САД.

Тој повтори за предлогот за дијалог со Северна Кореја, но предупреди дека Пјонгјанг треба да направи значителни чекори за да докаже дека ги исполнува обврските и почитува меѓународните норми и закони.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња