Кери: САД разгледуваат нови сериозни санкции против Русија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во следните неколку дена ќе ги процени чекорите што во иднина ќе ги преземе во врска со украинската криза, вклучувајќи го и вооружувањето на украинските сили и новите санкции против Москва, соопшти синоќа американскиот државен секретар Џон Кери.

-Верувам дека во текот на следните неколку дена, претседателот Обама ќе го процени изборот што го има и ќе донесе одлука кои чекори ќе ги  преземе, рече Кери на заедничката прес конференција во Лондон  со британскиот шеф на дипломатијата Филип Хамонд.

Заземањето на Дебалцево од страна на проруските сепаратисти Кери го оцени како едно од „најскандалозните прекршувања на спогодбата од Минск“.

„Водевме сериозна дискусија со европските партнери за тоа какви да бидат следните чекори кога се санкциите во прашање и кога тоа би било спроведено во дело“, додаде Кери.

Како што наведува Би-Би-Си, Обама и Кери во текот на посетата на Лондон разгледувале „сериозни санкции“ против Русија, заради последниот развој на судирот на истокот од Украина.

Кери, исто така, ја обвини Москва за „кукавичлук“ заради поддршката за проруските сили во Украина и поткопувањето на примирјето договорено во Минск.

Украина и САД ја обвинуваат Русија за трупање војници и оружје на истокот од Украина во судирот што продолжи  и покрај официјалното стапување во сила на прекинот на огнот, на 15 февруари.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски