Кери: САД не се откажаа од ракетниот штит во Европа

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери во текот на посетата на Чешка изјави дека администрацијата на Барак Обама не се откажала од американската ракетна програма во Европа и покрај силното противење на Русија.

Тој истакна дека одлуката на администрацијата на САД да се откаже од одредени делови на планот за поставување на ракетниот штит во Европа не е поврзана со ставовите на руската влада.

-САД не направија никакви отстапки кон Русија во врска со ракетната одбрана, рече Кери и нагласи дека САД не разговарале со Русија пред донесувањето на одлуката да се откажат од одредени делови на планот за поставување ракетен штит во Европа.

На крајот тој соопшти дека делови од ракетниот штит ќе бидат поставени во одредени подрачја во источна Европа.

Програмата за реструктурирање на штитот на САД ќе опфати преупатување на милијарди долари за инстализрање на 14 негови ракети пресретнувачи, покрај постојните 26 на Аљаска, како одговор на потенцијалната закана од Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски