Кери: Иран не ќе може да не го почитува нуклеарниот договор

Од:

Иран не ќе може да мами и да не го почитува договорот за иранската нуклеарна програма, кој беше склучен со цел да се спречи Техеран да произведе атомско оружје, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

Како што објавија американските медиуми, ваквата изјава на Кери е во рамки на кампањата што ја иницираше претседателот на САД, Барак Обама за да ги убеди членовите на Конгресот да го поддржат договорот за иранската нукеларна програма, кој во вторникот го потпишаа Иран и шесте светски сили.

Според договорот, во рок од 24 дена од неговото потпишување, Иран треба да им овозможи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енргија, по сопствен избор, да посетат објекти на иранска територија во кои се претпоставува дека се наоѓаат нуклеарни постројки.

Кери нагласи дека ова е многу краток рок за да може Иран да сокрие нешто и да ги измами меѓународните инспектори.

– Остатоците од уран и какви било други радиоактивни супстанци можат лесно да се откријат и е многу многу тешко да се сокријат, нагласи Кери во изјава за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Тој нагали дека во сите објекти за кои постои сомнеж дека се локации на кои Иран се обидува да произведе нукеларно оружје, и по неколку години можат да се пронајдат остатоци од некави радиоактивни материи.

– Ве уверувам дека 24 дена не се доволни за да можат работите да се сокријат од нашите технички и контролни средства, потенцира Кери.

Тој нагалси дека на средбите со иранските претставници го покренал и прашањето за Американците уапсени во Иран и изрази надеж дека тие наскоро ќе бидат ослободени.

– Немаше ниту една средба на која не го поставивме прашањато за нашите затворени државјани, истакна Кери, одговарајќи на обвинувањата дека американската Администрација ослобидувањето на уапсените Американци, не го поставила како услов за склучување на нуклеарниот договор.

Американските власти располагаат со податоци за тројца затворени држвајни на САД во Иран, меѓу кои е и дописникот на „Вашингтон Пост“ од Техеран, Џејсон Резајан, кој беше уапсен во 2014 година под обвинение за шпионажа.  Другите двајца затворени Американци во Иран се Саид Абедини и Амир Хекмати.

– Остануваме силно охрабрени дека Иран ќе постапи правилно и ќе ги ослободи овие државјани на САД, додаде Кери.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски