КЦНА: Нападот врз американскиот амбасадор во Сеул е казна за воените подбуцнувачи

Од:

Нападот со жилет врз американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, за севернокорејската новинска агенција КЦНА  е „казна“ за американската одлука да ги продолжи заедничките воени вежби со Јужна Кореја.

-Тоа е само казна за американските воени подбуцнувачи, јави државната агенција КЦНА во кратката  вест, наведувајќи дека нападот е оправдан „израз на отпорот“, пренесуваат британските медиуми.

Според КЦНА, нападот што врз Липерт го изведе јужнокорејски активист, го одразува ставот на јужнокорејското јавно мислење „кое е критичко кон САД бидејќи со одржувањето на опасните воени вежби се создава воена криза на Корејскиот Полуостров“.

Годишните воени вежби, што секогаш ја креваат тензијата со Северна Кореја, почнаа во понеделникот со учеството на неколку илјади војници на Јужна Кореја и САД.

Ким Ки-џонг, човекот кој го нападна мабасадорот Липерт, на полицијата и изјавил дека спротивставувањето на воените вежби било главниот мотив на неговата акција.

Липерт успешно заздравува по 2,5-часовната хируршка интервенција откако денеска во Сеул со жилет беше исечен по лицето и раката од страна на Ким Ки-џонг.

Западните агенции јавија дека неговата здравствена состојба е стабила и дека ќе остане во болница на натамошно набљудување во следните три до четири дена.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски