Казни за помагање на питачи во Норвешка

Од:

Тој што ќе му помогне на некој питач во Норвешка може да биде казнет. Со новиот законски предлог на норвешката Влада за забрана на питачење, опфатени се и оние што им помагаат на питачите со храна, превоз или преноќевање, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Десничарската Влада во Норвешка со промените во законската регулатива сака да воведе казна до една година затвор за организирано питачење.

Но и оној што само им помага на питачите ќе може да заработи казна, а целта е да и се овозможи на полицијата поефикасно да интервенира против лица кои активно го олеснуваат питачењето на јавни места во норвешките градови.

Според милењето на државниот секретар во владејачката норвешка Партија на напредокот (ФРП), Видар Бреин-Карлсен, казнувањето е неопходно, иако постои свест дека тоа ќе се одрази негативно и на оние кои само сакаат да помогнат.

– Тоа е сепак активно вклучување во една дејност што сакаме да ја отстраниме, вели Бреин-Карлсен за Норвешкото радио.

Воведувањето на забраната за питачење во Норвешка е проследено со жестока дебата и поделени мислења на разни нивоа во земјата, при што многумина се спротивставуваат на владиниот законски предлог укажувајќи дека е неразумно како последица на таков закон некој да добие затворска или висока парична казна и тоа само поради помагање на питачи.

Во некои норвешки општини веќе функционира забрана за питачење.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби