Казахстанската полиција уапси десетици луѓе на антивладин протест

Од:

Казахстанската полиција денеска уапси десетици учесници на митинг во најголемиот град на оваа централноазиска држава – Алмати, откако противник на претседателот Нурсултан Назарбаев ги повика своите приврзаници на протест.

Уличните протести се реткост во оваа поранешна советска република која има 18 милиони жители. Сите собири треба да добијат дозвола од властите и од Назарбаев, кој е шеф на државата од 1989 година и има големи овластувања.

Повеќе од сто луѓе учествувале на протестот во центарот на Алмати, носејќи транспаренти на кои пишувало „Слобода за политичките затвореници!“ и „Запрете ја тортурата!“.

Полицијата брзо ја растерала толпата, а странските новинари од лице место јавија дека полицијата уапсила најмалку 50 лица.

Во соопштението на полициската станица во Алмати стои дека демонстрантите се одведени во полицијата, за да се „разјаснат околностите“ околу настанот.

Митингот беше организиран од Мухтар Аблазов, поранешен банкар и голем критичар на Назарбаев. Тој во отсуство е осуден за измама, живее во Франција и ги користи социјалните мрежи за да привлече приврзаници во земјата, која е богата со нафта.

Казахстански суд во март пресуди дека неговото политичко движење Демократски избор на Казахстан (ДИК) е екстремистичко, што значи дека неговите приврзаници можат да станат предмет на кривично гонење.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски