Казахстан воведува дводневен карантин во неколку града овој викенд

Од:

Казахстан следниот викенд ќе воведе дводневен карантин во северниот град Костанај и уште четири помали градови, поради драстичното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус, јавија денеска медиумите во средноазиската држава.

Со одлуката за дводневен карантин на граѓаните ќе им биде забрането на 27 и 28 јуни да ги напуштат своите домови, освен ако одат на работа или имаат итни случаи.

Откако кон средината на мај се укина карантинот низ целата земја, бројот на заразени со коронавирусот се зголеми четирикратно.

Изминатиот викенд во земјата привремено беа затворени трговските центри, маркетите, парковите и јавниот превоз.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска