Казахстан предлага здружување на исламските најразвиени земји налик на Г-20

Од:

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска излезе со иницијатива 15-те најразвени држави од Организацијата за исламска соработка да создадат форум за развој на науката и економијата налик на Г-20.

Назарбаев предлогот го даде на самитот за наука и технологија на ОИС во Атана, јави ТАСС.

– Сметам дека треба да создадеме форум, како Г-20, неофицијална група за развој на науката и економијата во исламскиот свет. Од развиените 15 држави во ОИС може да се создаде организацијата ОИС-15. Развојот на науката и технологијата е мошне важен за нас, изјави Назарбаев.

На самитот на ОИС, кој продолжува и утре претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави дека неговата земја испратила хуманитарна помош во храна за бегалците од Мјанмар од сто тони.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска во Астана дека и Турција е подготвена да им помогне на бегалците од Мјанмар.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски