Катар сака нов регионален сојуз во Заливот

Од:

Катар денеска повика на формирање нов регионален сојуз што би го заменил Советот за соработка во Заливот кој не успеа да ја реши кризата меѓу Катар и неговите соседи.

Катарскиот министер за надворешни работи шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека бојкотот на Катар што го спроведуваат Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе 18 месеци неповратно му наштетил на Советот за соработка во Заливот основан во 1981 година и кој според него, е „без вистинска власт“.

Тој политички сојуз ги опфаќа Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ, Кувајт, Катар и Оман. Со него доминира Ријад и замислен е како противтежа на Иран.

-Оваа криза го поткопа сојузот, рече министерот на дводневната конференција Доха Форум.

– Според тоа, постоечкиот сојуз треба да биде реструктуиран за да се обезбеди страбилност и безбедност во регионот во иднина додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он