Каталонскиот лидер Пуџдемон дефинитивно остана без европратеничкиот имунитет

Од:

Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон како европратеник.

Во март годинава, Европскиот парламент им го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија и на уште двајца каталонски политичари, но на почетокот на јуни, потпретседателот на Судот на ЕУ ја суспендираше времено таквата одлука, додека се очекуваа резултатите од жалбата.

Пучдемон беше премиер на Каталонија во периодот кога се спроведе референдумот за независност на автономниот регион во 2017 година. Тој подоцна избега во Белгија, а повеќето негови блиски соработници беа уапсени и осудени на долгогодишни затворски казни.

За време на изборите за Европарламент во 2019 година, Пуџдемон беше избран за европратеник, но властите во Шпанија побараа од ЕП да му го одземе имунитетот, бидејќи е распишана потерница за негово апсење.

Судските власти во Шпанија бараат Пуџдемон да биде екстрадиран и да му се суди за велепредавство, поттикнување немири, како и за проневера на државни фондови.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски