Шпанската покраина Каталонија повторно ќе воведе полициски час во борба против рекордното зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19, откако судот во четвртокот ја одобри мерката во североисточниот регион.
Мерката ќе почне да важи од утре и ќе трае 15 дена.
Врховниот суд во регионот соопшти дека се согласил со барањето на регионалната влада на Каталонија за воведување ноќен полициски час во периодот од 01:00 до 06:00 часот наутро.