Кастро: Восхитен сум од Сноуден

Од:

Поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро, го осуди пишувањето на рускиот весник „Комерсант“, дека неговата држава подлегнала на притисокот од САД и одбила да го прими Едвард Сноуден во Куба.

Кастро, кој 2006 година власта му ја предаде на својот брат Раул, текстовите во рускиот весник ги нарече злонамерни лаги.

Како што пишува „Ројтерс“, тој го пофалил Сноуден, а го осудил шпиунирањето кое го врши САД.

-Очигледно е дека САД секогаш ќе настојува да врши притисок на Куба, која веќе 54 години се брани и ќе продолжи тоа да го прави се додека е потребно. Се восхитувам на храброста на Сноуден. Тој напарави добро дело, откривајќи ја нечесната политика на светската империја која што го лаже светот, наведе Кастро.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски