Кастро: Среќен сум што сум жив

Од:

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро изјави дека е срекен што е воопшто жив,откако во 2006 година лекарите откриле дека е „неизлечиво болен“ од тешка стомачна болест.

Во авторски текст што е објавен во партиското гласило „Гранма“,по повод 87-годишниот роденден на остарениот и со се уште нарушено здравје Фидел Кастро,објаснува дека се одлучил да се повлече и да му ја предаде власта на пет години помладиот брат Раул,кога лакарите му давале „малку време“ за живеење.

Во такви услови беше сосема нереално да се очекува дека ке можам да издржам уште еден седумгодишен мандат-пишува Кастро во „Гранма“.

Тој беше на власт уште од победата на кубанската револуција во јануари 1959 година.Кастро се повлече од сите функции по дијагнозата на лекарите,а во февруари 2008 година, поднесе формална оставка на функцијата врховен командант и претседател на Куба.

Неговиот брат Раул,кој сите изминати години по освојувањето на власта,беше министер за одбрана,иако го продолжува „патот на револуцијата“ започнат од неговиот брат Фидел,сепак,во изминатите години презеде низа мерки за промена на тврдата комунистичка линија,дозволувајки промени во економијата,со давање правото на лична сопстеност на Кубанците и овозможување да патуваат во странство.

Во авторскиот текст,Фидел Кастро за прв пат открива дека во осумдесетите години на 20 век,примил оружје од Северна Кореја,откако Советскиот Сојуз и неговиот тогашен лидер Јуриј Андропов го известиле дека повеке нема да го бранат комунистичкиот остров на Карибите.

Доколку бидете нападнати од САД ке мора самите да се браните-му рекол тогаш Андропов на Кастро.Тогаш Куба решила да набавува оружје од други земји,а од Северна Кореја примила 100 илади „Калашникови“ и многу миниција за „еден милион кубански борци“.

– Другарот Ким Ил Сунг тогаш ни прати многу оружје без да побара за тоа ниту еден цент-вели Кастро во својот напис во „Гранма“ што се појавува еден ден по неговиот роденден.

Признанието на поранешниот кувански лидер доаѓа по откривањето на кубанско оружје,скриено на еден севернокорејски брод во Панама.

Експерти на ОН испитуваат дали со тоа е прекршено ембаргото на испракање оружје за режимот во Пјонгјанг.

 

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски