Кастро доживеал сериозен мозочен удар?

Од:

Се почести се шпекулациите за здравствената состојба на Фидел Кастро. Лидерот на кубанската револуција, наводно преживеал сериозен мозочен удар и се наоѓа во тешка здравствена ситуација.

Кубанските власти ја демантираа оваа вест, меѓутоа венецуелскиот лекар Хозе Маркина тврди дека Кастро претрпел сериозен мозочен удар, пишува „Мајами хералд“.

Еден од синовите на Кастро, Алекс ја демантираше оваа вест, наведувајќи дека „Ел команданте“ се чуствува добро и многу чита.

Но лекарот Маркина црвсто стои на ставот.

Сигурно нема да го видиме повеќе во јавност, вели Маркина, додавајќи дека Кастро има проблеми со говорот и дека не може да јаде.

Тој додава дека Фидел се наоѓа во сопствениот дом во Хавана каде го одржуваат во живот.

Маркина и порано давал бомбастични изјави за здравствената состојба на лидерот на кубанската револуција, но неговите информации беа сензационалистички и ретко се покажуваа како вистинити.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски