Кастро добитник на овогодинешната „Конфучие награда за мир“

Од:

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро е добитник на овогодинешната кинеска алтернатива на Нобелова награда за мир, а кинескиот провладин весник „Глобал тајмс“ особено го истакна неговиот значителен придонес за мир во светот.

Кастро во трката за овогодинешната „Конфучие награда за мир“ победи над 20 номинирани, меѓу кои и Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-Хе и Шангајската организација за соработка.

Кубанската икона на револуцијата за добитник на наградата го гласаа девет од вкупно 16 кинески интелектуалци, објави весникот „Глобал Тајмс“.

Додека беше на власт, Кастро не користеше насилство и не ги решаваше насилно проблемите на меѓународната сцена, особено со САД, пишува весникот, додавајќи дека по повлекувањето Кастро активно се среќава со лидери од целиот свет и има значителен придонес за спречување на нукеларна војна.

„Конфучие наргада за мир“ за првпат е доделена во 2010 година и тоа само два дена пред Нобеловата награда за мир да биде доделена на кинескиот дисидент Лиу Сјаобоу.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина