Кастро: Човештвото е сведок на раѓањето на нова форма на фашизам

Од:

Човештвото го набљудува раѓањето на нова форма на фашизам, пишува поранешниот кубански претседател Фидел Кастро во статија во кубанскиот весник „Гранма“, во која ја коментира израелската офанзива во Појасот Газа, пренесе ИТАР-ТАСС.

Во статијата насловена „Палестинскиот Холокауст во Газа“ Кастро вели дека во овој момент од историјата на човештвото се раѓа нова, одвратна форма на фашизам.

Поранешниот лидер потсетува дека геноцидот на нацистите врз Евреите појави омраза кај сите народи низ светот.

-Зошто сега Владата на оваа земја (Израел) смета дека светот ќе остане рамнодушен кон овој толку злобен геноцид што се извршува врз палестинскиот народ, запраша Кастро во текстот.

„Можеби тие (Израелците) ја потхрануваат надежта дека со помош на американската империја тоа бесрамно колење ќе остане незабележено“, дополнува поранешниот кубански лидер во статијата.

Тој посочи, исто така, дека некои настани ја покажуваат речиси целосната неспособност на САД да се справат со проблемите во светот.

-Може да се тврди дека оваа земја нема Влада, Сенат и Конгрес. ЦИА и Пентагон последни ги носат одлуките, пишува Кастро.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски