„Касперски“ открил голема операција за компјутерска шпионажа

Од:

Аналитичари од компанијата за киберзаштита „Лабораторија Касперски“ соопштија дека откриле операција за компјутерска шпионажа, која започнала на почетокот од оваа година.

На почетокот на операцијата бил извршен успешен влез во архивите на две разузнавачки агенции и стотици владини и воени објекти во Европа и на Блискиот Исток.

Според експертите, хакерите веројатно дејствуваат со државна помош, користејќи техники и инструменти слични на оние кои биле употребени при претходни два големи хакерски напада, кои западни разузнавачки извори им ги препишуваат на руските власти.

Од „Лабораторијата Касперски“, чие седиште се наоѓа во Москва, одбиваат да коментираат дали Русија е вмешана во новооткриената операција, наречена „Епик Турла“.

– При оваа операција биле украдени многу податоци, вклучувајќи документи со текстови, таблици и електронска пошта. Таканаречениот „штетен софтвер“ пронаоѓал материјали кои содржат термини како „НАТО“, „енергетски дијалог во ЕУ“ и „Будимпешта“, изјави Костин Рају, шеф на екипата за истрага на закани при компанијата „Касперски“.

Од компанијата не потврдуваат кои разузнавачки агенции биле нападнати, освен дека едната е на Блискиот Исток, а другата во ЕУ. Меѓу останатите жртви се министерства и амбасади, трговски претставништва и фирми кои соработуваат со воените власти. Најголем број објекти, врз кои е извршен хакерски напад, има во САД, Русија, Белорусија, Германија, Романија и Полска.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг