Карл Билд во фондацијата „Кризна група“

Од:

Поранешниот шведски министер за надворешни работи Карл Билд доби нов ангажман откако дојде до промена на шведската Влада, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Билд е назначен за член на управниот одбор на „Кризна група“ (Crisis Group), која дејствува како неполитичка фондација со цел на спречување оружени конфликти во светот.

Карл Билд самиот ја соопшти веста за неговото назначување преку „Твитер“, каде што тој има 137.000 следбеници.

Неодамна во едно телевизиско интервју Карл Билд рече дека не се подготвува за некаков пензионерски живот по поразот на неговата конзервативна партија на Модератите на парламентарните избори во Шведска што се одржаа во септември годинава.

Наскоро ќе патувам за Атина, Јужна Кореја и Турција. Мислам дека ме очекуваат и многу други нешта, вели Карл Билд.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло