Карго авион се урна во Конго, 30 жртви

Од:

Карго авион се урна во Конго денес, додека се обидувал да слета по невреме на аеродромот во Бразавил, и во таа прилика погинаа сите членови на екипажот и околу 30 луѓе во куќите во кои удрил авионот, соопшти службата за итна медицинска помош.

Околу 30 луѓе загинаа кога авионот излета од пистата и удри во куќите и во бар во престолнината на Конго, пред да падне во кањонот, рече директорот на службите за итна помош Жержелин Масемба.

Се верува дека членовите на екипажот, кои беа тројца или четворица, изгореа во пожарот што го зафати авионот по ударот.

Повредени се уште околу 20 луѓе и тие се пренесени во блиската болница.

Авионот летал од пристаништето Point Nuar со автомобили и друга роба. Еден новинар кој се нашол на самото место, изјави дека несреќата се случила при силна бура, пренесува АФП.

Два часа по несреќата, пожарникарите се уште се обидувале да ги исчистат остатоците и евентуално да најдат уште жртви, бидејќи, иако авионот е товарен, се случува во овие авиони да има повеќе луѓе освен екипажот.

Би можело да ве интересира

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт