Каприлес не го признава поразот на претседателските избори во Венецуела

Од:

Кандидатот на обединетата опозиција Енрике Каприлес изјави дека нема да го признае поразот на претседателските избори во Венецуела и побара повторно пребројување на гласовите.

– Резултатот воопшто не ја отсликува реалната состојба, изјави Каприлес.

Претходно Централната изборна комисија соопшти дека Николас Мадуро е победник со 50,66 отсто гласови наспроти 49,07 за Каприлес.

Разликата е само 235 илјади гласови.

– Господин Мадуро, ако претходно бевте нелегитимен, сега сте уште понелегитимен, изјави Каприлес.

Според неговиот изборен штаб, во државата имало над 3.000 „инциденти“ за време на гласањето.

– Нема да ги признаеме резултатите пред повторно да бидат изборени сите гласачки ливчиња, едно по едно, изјави кандидатот на опозицијата на прес конференција во Каракас.

Мадуро од своја страна изрази подготвеност за провека на гласањето.

– Нека се отворат 100 отсто од гласачките кутии, нам не ни е страв. Нека гласачките кутии проговорат и ја кажат вистината, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски