Канете: ЕУ има потреба од нов стратешки енергетски сојуз со Турција

Од:

Европската унија има потреба од нов стратешки енергетски сојуз со Турција, бидејќи во иднина таа ќе стане клучна земја за транзит на гас, изјави еврокомесарот за климатски и енергетски прашања Мигел Ариас Канете.

Русија планира во иднина да не транспортира „сино гориво“ за ЕУ преку Украина, туку испораката да се врши преку границата на Турција и Грција. Според еврокомесарот, Европската комисија го разгледува овој проект.

– ЕК сега го смета како најважен проектот за „Јужен коридор за гас“. Тој треба да минува преку Турција. Гасот од наоѓалиштето Шахдениз во Азербејџан е во план да се транспортира преку Турција и Грција за Европа, додаде Канете.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени