Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

Од:

Канада денеска воведе нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар поради наводно кршење на човековите права од тамошните власти.

Казнените мерки се насочени кон 33 сегашни или поранешни високи руски функционери и шест служби вклучени во наводно „системско кршење на човековите права“ на руски граѓани кои протестираат против инвазијата на Украина, се вели во соопштението на МНР на Канада.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари Канада воведе санкции за повеќе од 1.500 луѓе и служби од Русија, Украина и Белорусија.

Санкции се воведени и за 22 пратставника на иранските власти.

Новите санкции кон Иран беа воведени еден ден по бесењето на човек осуден на смрт за прободување чувар и блокирање улица во главниот град Техеран, што е прва егзекуција во врска со неодамнешните антивладини протести.

„Има уште што може да се направи, но Канада никогаш нема да се откаже од заштитата на човековите права“, изјави канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

Покрај Иран и Русија, Канада воведе и санкции за 12 лица и три служби во Мјанмар кои го помагаат достравувањето оружје до војската и овозможуваат таа да користи насилство.

Владејачката хунта во Мјанмар ја презеде власта преку државен удар извршен минатата година.

Активистите за човекови права велат дека војската сега редовно ја користи смртната казна како „политичка алатка“.

Повеќе од 16.500 луѓе се уапсени по пучот, а повеќе од 13 илјади останаа во притвор, според групата за права што ги документира злоупотребите од страна на хунтата.

Поради наводи за случаи на кршење на човековите права, санкции против Русија денеска воведе и Велика Британија.

Воведени се рестриктивни мерки за претставниците на Федералната служба за безбедност и оружените сили на Руската Федерација, како и за молдавските политичари Илан Шор и Владимир Плахотнијук.

„Волстрит џурнал“ претходно објави дека САД планираат денеска да објават нови санкции против Русија и Кина поради кршење на човековите права и наводниот нелегален риболов поддржан од Пекинг во Тихиот Океан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија