Канада ги повика своите граѓани да ја избегнуваат Украина

Од:

Канада денеска им порача на своите граѓани да ги избегнуваат сите патувања во Украина, наведувајќи ги „постојаните руски закани и ризикот од вооружен конфликт“.

„Ако сте во Украина, треба да заминете додека се достапни комерцијални начини“, се додава во советодавниот документ на канадската влада.

Канада, која има трета по големина украинска популација во светот, по Украина и Русија, во неделата објави дека привремено ќе ги повлече неприоритетниот персонал и членовите на семејствата на вработените од својата амбасада во Киев.

Отава, исто така, вети дека ќе го зајакне својот тим во амбасадата со испраќање експерти за безбедност, управување со конфликти, демократски реформи и конзуларната служба и ќе и помогне на Украина да собере разузнавачки информации и да се бори против кибер напади.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина