Камили за Обама, кокошки за Клинтон

Од:

Сомалиската исламистичка група „Ал Шабаб“ понуди кокошки и камили во замена за информациите кои ќе им откријат каде живее претседателот на САД, Барак Обама и државната секретарка Хилари Клинтон.

Понудата стигна од Фуад Мохамед Калаф, кој во петокот по редовната молитва на овој начин ја исмееа наградата од 15 милиони долари која ја понудија Соединетите Амеркански Држави за оние кои ќе ги предадат лидетита на Ал Шабаб.

„Секој кој ќе ни го открие местоположбата на оној идиотот Обама ќе добие десет камили. А кој знае каде се наоѓа старата дама Хилари Клинтон ќе добие 10 петли и 10 кокошки“.

Стејт департментот во четвртокот понуди награда од пет милиони долари за Калаф, седум милиони за основачот и командант на Ал Шабаб, Адби ал-Мухамед и три милиони долариза уште два лидера на оваа организација. Ал Шабаб е прогласена за терористичка група во 2008 година од САД.

Ал Каеда во февруари објави дека ги здружила своите сили со Ал Шабаб која контролира поголем дел од Сомалија,
Нивни противници станаа кениските војници на југот, етиопските во централните делови и мировните војници на Африканската унија во близина Могадишу, главниот град на Сомалија.

Би можело да ве интересира

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он

Дресови на Џордан и на Обама урнаа рекорди на аукциска продажба

„Ветената земја“ на Обама на пат да стане најпродавана најпродавана меѓу претседателските мемоари

Ана Ололовска