Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во оддавањето почит на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, заблагодарувајќи и се што е „сидро во бројни бури“.

Во видео пораката прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече: „Вашиот сакан народ и целиот свет ви должат голема благодарност што бевте светилник толку многу години“.

Поранешниот американски претседател особено ја пофали нејзината способност да ги стави принципите над себичните интереси, алудирајќи на нејзиниот релативно либерален став за време на големиот бегалски бран во 2015 година.

Тој ѝ се заблагодари на канцеларката за нејзината „лојалност кон универзалните вредности што ги усвоила како девојче во Источна Германија“.

„Danke schoen”, рече Обама.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел