Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин постапува на нов непромислен начин во врска со инвазијата на Украина, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама во интервјуто емитувано денеска на Ен-Би-Си.

– Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите. Тој отсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам, рече Обама. – Тој дел од Путин, мислам, отсекогаш бил таму.

– Но, она што го гледаме со инвазијата на Украина е дека тој е невнимателен на начин што можеби не го очекувавте пред осум, 10 години, но опасноста секогаш беше тука, оценува Обама.

Поранешниот претседател одби директно да одговори на прашањето дали, во ретроспектива, би постапил поинаку додека бил на функцијата, вклучително и кога Русија го анектираше Крим во 2014 година.

Наместо тоа, тој рече дека е важно „да не ја земаме сопствената демократија здраво за готово“ и „да се залагаме и да се усогласиме со оние кои веруваат во слобода и независност“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Нема ништо демократско во Путин

ISW: Путин му даде рок на Шојгу до кога да ја запре украинската контраофанзива

Путин: Отворени сме за преговори

(ВИДЕО) Средба Ким-Путин: Севернокорејскиот лидер е сигурен дека Русија „ке го победи злото“

Катерина Ѓуровски

Поранешната австриска министерка која танцуваше со Путин се сели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Почна средбата Путин-Ким, први детали од состанокот

Катерина Ѓуровски