Камерон: Реформите во ЕУ што ги бара Британија не се невозможна мисија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон смета дека реформите на ЕУ што ги бара Велика Британија не се невозможна мисија, туку дека се остварливи, иако се согласува дека станува збор за голема работа.

Мислењето на Камерон доаѓа непосредно пред денешното формално предавање на листата со британски барања до Брисел и писмото што владата на Велика Британија му го праќа на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во Лондон се очекува, британските барања, првпат, да се најдат на дневен ред пред лидерите на Унијата, на декемврискиот Самит на ЕУ.

Премиерот Камерон е решен да има нови преговори меѓу Британија и ЕУ за обезбедување „подобар договор„ пред да се организира британскиот референдум за останување, или за напуштање на Унијата, што треба да се одржи до крајот на 2017 година.

Во официјалното барање на Велика Британија се посочуваат четири клучни моменти на кои инсистираат Британците, а тоа се, заштитата на единствениот пазар, за земјата, но и за сите други 27 членки, почитување на конкурентноста, исклучување на Британија од сите, евентуални, натамошни поцврсти интеграции на ЕУ и рестрикции на мигрантите од Унијата и правата за социјални бенифиции.

Проценката на набљудувачите во Лондон е дека последното барање ќе биде најтешката пречка за Британија, затоа што дел од земјите во тоа препознаваат мерки против нивните државјани, додека најголемиот број од членките сметаат дека слободното движење на работната сила низ територијата на ЕУ е едно главните начела на кои се темели Унијата.

Британските медиуми истакнуваат дека министрите веруваат во успехот на оваа британска мисија во врска со својата иднина во Европа, иако засега, јавно, само Германија и канцеларот Ангела Меркел имаат речено дека би можело да се прегивара за британските предлози.

Премиерот Камерон неколкупати досега има речено дека сака Велика Британија да остане во ЕУ, но и дека доколку Лондон не постигне дговор со другите членки околу неговите барања, земјата би можела да си замине од Унијата.

Најнов аргумент на британската влада се последните податоци за состојбата со мигрантите од ЕУ, во последните четири години.

Во Британија има 224 илјади мигранти од ЕУ, а 40 отсто од нив се опфатени со социјалните бенифиции. Дури 66 отсто од оваа категорија луѓе, или 145 илјади Европејци, примаат британски социјални бенифиции.

Владата на Дејвид Камерон уште во претходниот состав инсистираше дека добар дел од овие луѓе не доаѓаат толку за да работат, туку за да примаат социјални бенефиции кои во Британија се повисоки и побогати отколку во нивните земји.

Станува збор за државјани на земјите членки на ЕУ од Источна Европа чиј наплив британската влада сака да го прекине, затоа што ограничувањето на мигрантите од Унијата е дел од вкупната британска политика за намалување на вкупната имиграција во земјата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија