Камерон: Лондон ќе им помогне на САД во уништувањето на ИД

Од:

Велика Британија се обврза дека ќе соработува со САД во напорите за уништување на „Исламскиот Калифат“, што го прогласи џихадистичката група Исламска држава (ИД) на делови од териториите на Сирија и Ирак, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

Во интервју за телевиизјата Ен-Би-Си, Камерон нагласи дека сака Велика Британија да стори повеќе во борбата против ИД, но дека за тоа му е потребна и поддршката од британскиот Парламент.

– Во моментов преговараме и дискутираме со опозициските партии во Велика Британија за тоа што можеме да сториме (во борбата против ИД). Меѓутоа, не треба да има никаков сомнеж во тоа дека ние се обврзавме да соработуваме со вас во уништувањето на „Калифатот“, истакна Камерон во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас