Камерон: ЕУ мора да биде пофлексибилна ако сака да ја задржи Велика Британија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека Европската унија ќе мора да стане пофлексибилна доколку сака неговата земја да остане во 28-члениот блок, јави Танјуг.

Во обраќањето пред здружението на работодавачи на Велика Британија Камерон рече дека сака полабава, „поконкурентна“ Европска унија, која ќе им понуди поголема заштита на земјите кои, како Велика Британија, не ја користат заедничката валута-еврото, пренесоа американските медиуми.

Во Велика Британија до крајот на 2017 година треба да се одржи референдум за останокот во ЕУ.

Камерон утре во писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе ја соопшти листата со барања на својата земја во текот на преговорите за реформи во Унијата.

Британскиот премиер вчера изјави дека сака „пофлексибилна Европа, која живее и остава и другите да живеат“ и која ќе овозможи Велика Британија да биде заобиколена од поблиски политички и економски врски кои го поврзуваат членките на еврозоната.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија