Камалванди: Иран го надмина лимитот за збогатување ураниум

Од:

Иран го надмина ограничувањето од 3,67 отсто за збогатен ураниум, што е лимит утврден со нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, соопшти денеска портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, Бехроуз Камалванди.

Камалванди изјави дека „засега не е потребно збогатување ураниум над 20 отсто“, но дека Техеран ќе го стори и тоа „ доколку го посака“, јави агенцијата ИРИБ, пренесена од западните медиуми.

Американските медиуми наведуваат дека сега збогатениот ураниум е на ниво од 4,5 отсто.

Иран претходно денеска повтори дека Европа ја има последната шанса во следните 60 дена да се обиде да го спаси нуклеарниот договор.

Според шефот на иранската дипломатија Абас Мусави, Техеран веќе нема да нуди „крајни рокови“ за спас на договорот.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел